По поножавачкиот пораза од Русије, Бразил со нетрпение го чека реваншот. Извор: Василиј Пономарјов / РИА „Новости“.
Фудбал на песок... Неупатените, веројатно, првпат слушат дека постои такво нешто. Но и упатените знаат дека фудбалот официјално се игра само на треvа или во сала, а кога се игра на песок, тогаш тоа секако e песокот на прочуената Копокабана во Рио де Женеиро, каде на брегот на океанот црномурести момчиња вешто си играат со топка. Тешко дека некој ќе помисли на песок на московскиот стадион во Строгино, каде репрезентацијата на Русија на 8 јули играше во завршната фаза на светскиот куп. И тоа играше како актуелен шампион на Европа и во светот! Русите ги освоија двете титули во 2011 година. Како е можно тоа? – ќе се запраша изненадената публика, не само во странство, ами и во Русија.
Како се случи признатите виртуози и кралеви на плажата, Бразилците, минатата година да изгубат од Русите, а со тоа и легендарниот Пеле да остане без коментар? Тоа е истиот оној Пеле кој еднаш изјави дека Русија има шанса за прво место на светско првенство во фудбал, колку што бразил има шанси во хокеј.
Само пред 5 години репрезентацијата на Русија за првапaт учествуваше на голем натпревар во фудбал на песок. Тоа беше во 2007 година, кога дебитираше со медал, што беше пропусница за првото светско првенство, каде Русите беа деветти. Веќе во 2010 година Ристе со 6:4 сензационално ги совладаа „европските Бразилци‘‘ – репрезентацијата на Португалија, и станаа шампиони на Европа. Сепак, тоа беше само загревање пред главната историска битка во 2011 година, кога во финалето на светското првенство вистинскиот Бразил беше поразен со 12:8, а фудбалерите Роман Заикин, Јуриј Крашениников, Дмитриј Шишин и Егор Еремеев станаа светски ѕвезди на фудбалот на песок. Ѕвезден „камбек‘‘ ни подготви и голманот Александар Филимонов. Да, токму тој Филимонов, голманот на „Спартак‘‘ и на „големата‘‘ репрезентација од крајот на деведесетите, чија кариера беше прекината со фамозниот гол што го прими „низ уши‘‘ во последните секунди од мечот Русија – Украина. Тоа беше во Москва во 1999. Тогаш украинскиот голгетер Андреј Шевченко „ја закопа‘‘ репрезентацијата на Русија во момент кога таа веќе се беше пласирала за европското првенство. Дванаесет години подоцна, во својата 39 година, Александар Филимонов над својата глава го крена пехарот на светски шампион. Она што не можеше да го направи во „големата репрезентација‘‘, тој го постигна во „малата‘‘, на песок. Всушност, и оваа „мала‘‘ репрезентација е исто толку голема.
Во финалниот меч на оваа фаза од светскиот куп во Москва, местото на Филимонов на голот веќе го зазеде Андреј Бухлицки, кој прими сличен гол „низ уши‘‘ од шпанскиот противник Доне, што всушност им обезбеди победа на Шпанците со 5:3. „Црвената фурија‘‘ овојпат сета во бело, ја запре „Црвената песочна машина‘‘. Додуша, тој меч немаше големо значење, зашто Русите ја постигнаа главната цел, односно се пласираа за следното светско првенство, што ќе се одржи во 2013 година на егзотичниот остров Тахити. Одбраната на титулата воопшто нема да биде лесна задача, зашто Бразилците секако одвај го чекаат реваншот.
Фудбалот на песок е еден од најубавите летни спортови и вистинска штета е што сѐ уште не е вброен меѓу олимписките спортови, зашто и во оваа категорија Русите би можеле да претендираат за злато.Останува само да се надеваме дека нашата „песочна‘‘ репрезентација ќе игра со Бразилците во 2016 година на Олимпијадата во Рио.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче