Со гасоводот „Јужен ток“ предвидено е во Европа да се испорачуваат 63 милијарди кубни метри гас годишно. Вредноста на проектот е проценета на 8,6 милијарди евра. Извор: Getty Images / Fotobank.
Реализацијата на проектот „Јужен тек“ подразбира изградба на магистрален гасовод кој ќе овозможи гасификација на сите градови и градски општини во РС, изјави Жељко Ковачевиќ, министер за економија и енергетика.
„Јужен тек“ е гасовод кој природниот гас директно од Русија, преку Црното море, го доведува до Балканскиот полуостров и оттаму кон Западна Европа.
Во септември 2010 година, Додик и министерот за енергетика на Руската Федерација, Сергеј Шматко, потпишаа заедничка изјава за соработка на проектот „Јужен тек.“ Оттогаш властите во Република Српска во повеќе наврати ја изразуваа својата заинтересираност за изградба на овој гасовод.
„
Владата го поддржува претседателот на Република Српска, Милорад Додик, во однос на усвојувањето на меморандумот за меѓусебно разбирање помеѓу РС и Газпром„
Жељко Ковачевиќ,
министер за економија и енергетика на Република Српска
Владата на РС ја прогласи реализацијата на проектот „Јужен тек“ за стратешка цел, веднаш по посетата на Милорад Додик на Русија, каде тој во јуни годинава имаше средба со раководството на „Газпром“ во рамките на Петербуршкиот меѓународен економски форум.
Подоцна Додик во Бања Лука се сретна со амбасадорот на Руската Федерација во Босна и Херцеговина, Александар Боцан-Харченко, кого го информираше за резултатите од посетата на Русија.
Како што се соопштува на сајтот на претседателот на РС, Додик таа посета ја оценил како мошне успешна и изразил задоволство од резултатите од тие средби одржани во Санкт-Петербург.
Со цел што поголемо распространување за извоз на природен гас, „Газпром“ планира изградба на гасовод преку Црното море во земјите на Јужна и Централна Европа – проектот „Јужен тек“. За реализација на копнениот дел од проектот веќе се потпишани договори со Бугарија, Србија, Грција, Словенија, Хрватска и Австрија.
Учесниците во проектот „Јужен тек“ се рускиот „Газпром“ со 50%, италијанскиот ENI со 20%, германскиот Wintershall Holding и францускиот EDF со по 15%.
Овај текст е адаптирана верзија на оригиналната статија на РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче