Фотографии: Вилијам Брумфилд.
Торжок е една од најстарите населби во европска Русија. Се наоѓа на реката Тверца, на околу 60 километри западно од Твер, град кој за првпат се споменува во старите хроники уште од 1139 година. Атрактивната локација рано довела до процвет на трговијата (како што вели и самото име на градот) и Торжок рано станал тесно поврзан за тогашната моќна град-држава Новгород. Подоцнежниот пробив на Москва и основањето на Санкт Петербург во 1703 година, повторно го ставиле ова гратче во центарот на руската трговија, зашто се нашло на патот помеѓу двете руски престолнини.
Како и поголемиот дел други провинциски градови, Торжок бил темелно преуреден во 18 век, која Екатарина Велика покренала голема реформа на руската внатрешност. Многу градби се подигнати во тоа време, вклучително и неоклацистичките куќи на тогашните жители од побогатиот слој, што во голема мера придонело за убавината на ова место.
Раниот 19 век му донел на Торжок уште една црта по која денес е препознатлив: има изградено голем број нови цркви. Во тоа време градската црква, црквата на Преображение Господово, е повторно изградена според плановите на големиот петербуршки архитект Карл Роси.
Во историскиот дел на градот и денес доминира манастирот Св, Борис и Глеб, посветен на најстарите маченици на Руската православна црква. Се смета дека манастирот бил основан во 1083 година.
И покрај фактот што Торжок во 1941 година се нашол на првата линија на фронтот, сочувана е голема колекција дрвена црковна архитектура. Во секој случај, Торжок и неговата околина днесе претставуваат вистински рај за љубителите на овој архитектурен стил и на единствената мешавина на траги од настаните во текот на илјадагодишната историја на овој мал град, а неговата меланхолична магија привлекува сѐ повеќе посетители.еље овог архитектурног стила и јединствена мешавина трагова догађаја током хиљадугодишње историје овог малог града и његова сетна чаролија привлаче све више посетилаца.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче