Руската земја и понатаму раѓа нови Менделеевци. Извор: Photoexpress.
„Потврдени е дека првенството во откривањето на овие елементи му припаѓа на... заедничкиот тим научници од Обединетиот институт за нуклеарни истражувања (ОИНИ, Дубна, Русија) и на Ливерморската национална лабораторија „Лоренс‘‘ (Калифорнија, САД). Овој тим ги предложи називите „флеровиум“ (flerovium) и „ливермориум“ (livermorium), кои IUPAC сега и формално ги одобри‘‘, се вели во соопштението, објавено на сајтот на здружението.
На тој начин IUPAC ги прифати предлозите што пронаоѓачите ги дадоа во декември 2011 и им ги додели на елементите ознаките Fl и Lv. Оваа одлука ќе биде објавена во јулскиот број на официјалното издание на здружението, „Pure and Applied Chemistry“.
Елементите со атомски број 114 и 116 за првпат се синтетизирани во цилотронот на Фљоровата лабораторија за нуклеарни реакции на ОИНИ. Експериментот го изведуваше тим руски научници на чело со академикот Јуриј Оганесјан, со учесто на американски колеги.
Елементот под број 114 е добиен во 2000 година во акцелератор за бомбардирање на плутониум со 242 јадра на калциум 48, додека елементот со реден број 116 е синтетизиран во 2004 година во реакција со калциум 48 и кириум 245.
Флеровиум го доби своето име во чест на Фљоровата лабораторија за нуклеарна еакција ОИНИ, која е признат лидер во областа на синтеза на супертешки елементи.
Ливермориум (Livermorium, Lv) како назив е предложен во чест на Ливерморската национална лабораторија „Лоренс“ и на градот Ливермор во Калифорнија, каде се наоѓа лабораторијата. Научниците на оваа лабораторија преку дваесет години учествуваат во експерименти на синтеза на нови елементи кои се вршат во Дубина.
Новиот заеднички работен тим, кој е основан од страна на раководителите на IUPAC, започна да работи на одредување на првенството во добивање други, засега безимени супертешки елементи под реден број 113, 115, 117 и 118. На пронаоѓачите на кои ќе им биде признаено првенството ќе добијат право да предложат називи за овие елементии.
Сите споменати елементи се синтетизирани и од научниците на ОИНИ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче