Легендарниот Бразилец Роберто Карлос тренира во дресот на „Анжи“. Извор: РИА Новости, Алексеј Куденко.
Новите правила формално стапија на сила во јануари 2012: во текот на тригодишниот транзициски период, на европските клубови ќе им биде дозволена загуба од најмногу 45 милиони евра; по јули 2014 никој нема да смее да биде во минус.
УЕФА смета дека новите правула ќе ги ограничат трошоците на големите клубови и дека ќе ја прекинат практиката на помалите клубови да купуваат скапи играчи. Богатите сопственици на клубовите повеќе нема да можат да купуваат играчи со лични средства, а потоа на своите клубови да им ги отпишуваат долговите. Тие ќе моржат да им помагаат да на клубовите со изградба на нови стадиони или со отворање на фудбалски школи. „Сакаме средните клубови да престанат да ги трошат милионите што ги немаат‘‘, изјави претседателот на УЕФА.
Сиве овие мери непосредно се однесуваат и на Русија. Според специјалниот извештај на УЕФА од 2009 година, нашите клубови потрошиле 92% од своите средства на плати за фудбалерите и за тренерите. При ваква вознемирувачка статистика нема смисла воопшто да се зборува за профит.
Генералниот директор на „ЦСКА“ Роман Бабаев по состанокот со раководителот на Одделението за лиценцирање клубови и финансиски фер-плеј на УЕФА, Андреј Траверс, изјави дека руските клубови „во целост ќе се вклопат во новата концепција‘‘ ако тие повнимателно се однесуваат кон своите расходи. „ЦСКА се трудеше секоја сезона да ја заврши на нула‘‘, вели Бабаев, и на клубот засега тоа му успева. „Локомотив‘‘, според зборовите на претседателката на клубот Олга Смородска, исто така нема поплаки на новите правила. Останатите тимови на РФПЛ навлегуваат во длабок минус, особено „Зенит‘‘ и „Анжи‘‘ од Махачкала, кои трошат неверојатни суми на трансфер на играчи.
За жал, само руските клубови се подготвени да издвојат 13 милиони евра за Унгарецот Балаж Џуџак, додека платата на најскапиот фудбалер на „Асанж‘‘ и на целата руска лига, Семјуел Ето, го надминува годишниот приход од продажба на рекламни артикли на амстердамскиот „Ајакс‘‘, кој е еден од најуспешните во Европа по тоа прашање. Додека руските туристи во Амстердам купуваат дресови на „Ајакс‘‘ со името на Дмитриј Буликин, Камерунецот купува уште еден мошне скап старински автомобил. Според податоците од најдоверливата Интернет-страница посветена на фудбалот (transfermarkt.com), четири од дванаестте најскапи аранжмани за зимскиот период е склучен токму во Русија.
Ниту тренерите не заостануваат во заработувачката. Според податоците на „Газета дело спорт‘‘, платата на главниот тренер на „Зенит‘‘, Лучано Спалети, изнесува четири милиони евра. Сињор Лучано оваа плата никогаш не би можел да ја добие во својата татковина, дури ни во „Интер‘‘ од Милано, кој летово не сакаше да потроши толкави пари на него. Руд Гулит работеше во „Терек“ во Грозни, престолнината на Чеченија, само пет месеци. По отпуштањето, Холанѓанецот доби толкава отпремнина што неколку години може и да не помислува на фудбал.
Огромни износи за кратко време во Русији добија и Михаел Лаудруп, Невио Скала, Артур Жорж и Хуанде Рамос. Заклучок: во Русија засега доаѓаат по голема плата, но квалитетот на игра во домашното првенство не се зголемува.
Сѐ уште не е јасно како УЕФА ќе се однесува кон приходите што доаѓаат од спонзори. Имено, специфичност на руската лига се генеракните спонзори, кои истовремено се и акционери на клубовите, како и фактот дека многу клубови се финансираат од регионалните буџети.
Претседателот на „ЦСКА“ Евгениј Гинер ги поддржува новите мери: „Иницијативата на УЕФА му е неопходна не само на нашиот клуб, туку и комплетно на рускиот фудбал. 90% од клубовите во нашата земја работат со загуба.“ Сличан став има и претседателот на „Динамо“ Јуриј Исајев: „Ми се допаѓа идејата за финансиски фер-плеј. Сега клубовите главно покажуваат трошоци, но структурата на приходите ја чувааат како тајна.“
Секако, ако ги погледнеме претераните расходи на „Анжи“, клубот кој минатото лето предизвика најголемо медиумско внимание сп своите трансфери, веднаш се поставува прашањето: како амбициозниот клуб од Махачкала воопшто ќе функционира при строга финансиска контрола од страна на европските фудбалски власти? Секако, Сулејман Керимов ќе му помогне на својот клуб, но како на тоа ќе реагира УЕФА?
Можно е новите околности да влијаат да тоа нашите тимови да им обратат поголемо внимание на домашните таленти. Овој фактор ие од голема важност, зашто светското првенство во фудбал во 2018 година ќе се одржи во Русија. Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Русија, Сергеј Фурсенко, изјави дека целта на Русија е на домашен терен да стане светски првак. Бидејќи клучните играчи на најдобрите руски клубови се странци, кој ќе игра за нашата земја во 2018 година?
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче