Да се наполни резервоарот е поевтино само во Белорусија. Извор: Комерсант.
Како што јавија стручњаците на РИА „ Аналитика“, кон крајот на 2011. бензинот БМБ 95 во Русија чинел просечно 28,4 рубли (0,7 евра). Првото место го зачува Норвешка, каде кон крајот на декември 2011 еден литар од истиот бензин чинел 2,6 евра. Најевтин бензин се продавал во Белорусија (0,6 евра).
Сепак, според оценките на стручњаците, оваа цена изгледа ниска само надвор од контекстот: поради финансиската криза бензинот во текот на 2011 поскапел за 1,9 пати и Белорусија имала најголем годишен пораст на цените на бензинот (+88,3%) во цела Европа и во ЗНД. На второ место според брзината на порастот на цените на бензинот се најде Казахстан (+38,3%), по што на ранг-листата дојде од последното на третото место од крајот (0,8 евра за литар).
Највисоки малопродажни цени на дизел горивата имаат Велика Британија (1,7 евра за литар) и Норвешка. Дизел горивото, како и порано, останува најевтино во Казахстан, Белорусија и во Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче