Русија ја изгуби довербата во Европа

Автор на карикатурата: Нијаз Карим.

Автор на карикатурата: Нијаз Карим.

Слабеењето на Европа и нејзиното самоукинување како независен играч на меѓународната политичка сцена доведе до тоа Москва да посветува повеќе внимание на она што се случува во Вашингтон.

Поголемиот дел руски политички аналитичари се сложуваат дека Европа ја чекаат тешки времиња. Кризата предизвика досега невиден бран национален егоизам во Европската Унија, во кој сите учесници ги интересира само личната благосостојба. Германско-француската алијанса нема доволно моќ да ја спаси економијата на цела Европа. Без оглед на тоа дали Европа ќе стане лабава структура во која на членовите би им било дозволено да учествуваат само во програмите што им се допаѓаат, или, напротив, управувањето со Унијата ќе биде уште поцентрализирана, Русија ќе мора да ги преиспита своите односи со оваа организација. Неодамнешните учества на министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров на меѓународната конференција за Авганистан во Бон, на конференцијата на ОЕБС во Вилнус и на самитот Русија-НАТО во Брисел, покажаа дека партнерските односи на Русија и ЕУ се во сериозна криза. Обидите на Москва да ги заштити своите стратешки интереси предизвикуваат отворено противење на членовите на ЕУ кои не сакаат да ги земат предвид тие интереси. Европјаните во своите политички одлуки пред сѐ се потпираат на позицијата на Вашингтон. Принципот „она што е добро за Америка е добро и за Европа‘‘ забележливо доминираше на сите средби на кои учествуваше Лавров.

Неодамнешните промени на европскиот модел доведоа до ситуација во која Москва ќе мора со големо внимание да го разгледува секој долгорочен проект поврзан со Стариот свет.

Слабеењето на Европа и нејзиното самоукинување како независен играч на меѓународната политичка сцена доведе Москва да обрнува повеќе внимание на она што се случува во Вашингтон. Таквата стратегија отворени ги навреди традиционалните партнери на Русија во Европа. Сепак, ограничени од европската дисциплина, овие земји не можат ништо да ѝ понудат на Русија. Единствен проект со кој Русија и Европа можеа да станат вистински стратешки партнери во текот на неколку децении беше европскиот систем за противракетна одбрана. Меѓутоа, под притисок на Вашингтон, Европјаните одбија да соработуваат со Москва по ова прашање.

Кризата во довербата помеѓу Европа и Русија е очигледна и најверојатно ќе продолжува да се продлабочува. Отсуството на напредок по клучните прашања важни за безбедноста на Русија, неминовно ќе доведе до слабеење на соработката на сите други полиња.

Сепак, сценариото според кое Европа од стратешки партнер на Москва би се претворила во потенцијален непријател, е малку веројатно. Основните „колосеци‘‘ – борбата против тероризмот и трговијата со дрога, протокот на стока во Авганистан – нема да бидат ревидирани. Русија ќе ги штити своите геополитички интереси, но пред сѐ ќе се сконцентрира на регионите што ги смета за традиционални зони на свое влијание. Истовремено Москва со САД ќе работи на изнаоѓање заеднички јазик по прашањата за општи норми на однесување на светската сцена. За ова прашање повеќе нема смисла одделно да се разговара со ЕУ.

Не треба да се занемари ниту фактот дека рускиот бизнис ќе ја види својата можност во економското слабеење на ЕУ. Без оглед на неповолната политичка клима, руските инвестиции во Европа ќе се зголемуваат. На пример, неодамнешниот политички спор помеѓу Русија и Велика Британија е доведе до намалување на економската соработка помеѓу овие две земји.

Клучна одлука, која би можела да ја поврати довербата на Русија во обновената ЕУ би бил договорот за европска противракетна одбрана. Западот одбива за време на постав­увањето на противракетниот штит да ѝ даде право на Русија правно обврзувачки безбедносни гаранции. Ако за време на самитот на НАТО во Чикаго на крајот на мај годинава, Европјаните се сложат со администрацијата на САД за гаранциите за Москва или ако барем усвојат план за имплементација на такви гаранции, тоа би можела да биде појдовна точка и за други заеднички руско-европски проекти.

Уште еден позитивен чекор може да биде и вклучување на Русија во решавањето на економските проблеми на ЕУ. Европа ќе мора да се откаже од вештачки одржуваниот страв дека „Русите доаѓаат‘‘. Процесот на интеграција на Русија во економијата на обновената Европска Унија ќе им овозможи на двете страни да ја надминат заемната недоверба и суштински да го зголемат бројот на „колосеците‘‘ на кои Москва и Брисел можат успешно да соработуваат во иднина.

Евгениј Шестаков е главен уредник на надворешната редакција и модератор на Дискусискиот клиб на „Росијскаја газета“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња