Независно од тоа кој ќе стане идниот американски претседател - републиканец или демократ, - засилување на конфронтацијата меѓу Русија и САД нема да има, смета спикерот на Советот на Федерацијата Валентина Матвиенко.
Изборите за претседател на САД ќе се одржат во ноември 2016 година, а сегашниот претседател Барак Обама го завршува својот втор и последен мандат и според уставот не може повторно да се кандидира.
„Независно од тоа дали ќе дојде републиканец или демократ, ќе зрее сфаќањето дека не треба да се обидуваат да ја тераат Русија во безизлез и дека е невозможно да не се зема предвид нашата позиција во однос на сите сложени глобални проблеми. Едноставно сегашниот претседател на САД, судејќи според сѐ, веќе тешко може да смени нешто кардинално. Дали ќе бидат нашите односи потопли и подобри, се разбира, ќе покаже времето. Но дека нема да има засилување на бесмислената конфронтација, јас сум убедена“, изјави Матвиенко во интервју за весникот „Известија“, објавено во понеделникот, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче