Лондон ја смета ИД виновна за падот на А321

Во врска со ова Велика Британија ќе се зафати со зајакнување на сопственото разузнавање и безбедноста на меѓународните аеродроми.

Властите на Велика Британија сметаат дека причина за падот на авионот  А321 на руската компанија „Когалимавиа“ во Египет е поставена бомба, а зад терористичкиот чин можно е да стои „Исламската држава“ се вели во соопштението на британската влада, пренесува „Интерфакс“.

„Владата планира да го смени својот пристап во сферата на авијациската безбедност по авионската катастрофа на „Метроџет“ (Когалимавиа) пред две недели која, како што сметаме, се случи поради експлозија на бомба. Освен тоа, постои значителна веројатност дека зад тоа стои „Исламската држава“, се истакнува во соопштението.  

Во врска со тоа британската влада реши значително да ја засили контролата во различни сфери на безбедноста, особено во разузнавањето.

Покрај тоа, британскиот премиер Дејвид Камерон наложи во следните два месеци да биде проверена ситуацијата со безбедноста во аеродромите ширум светот. На најранливите од таа гледна точки аеродроми ќе им биде дадена помош во форма на обука на специјалисти, консултации и техничка опрема.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.