Украински политичари ја обвинуваат Русија за Париз

По реакцијата на Украинците во врска со настаните во Париз,, пред сѐ, на лицата на високи политички позиции и креаторите на јавното мислење, повторно докажуваат дека украинското општество е болно, пишува Александар Гришин, политички аналитичар на „Комсомолскаја правда“.

„Терористичките напади во Париз? Тоа е масло на Путин! Очигледна е руската трага“, резимираат со заеднички сили украинските политиколози, новинари и политичари, пишува колумнистот на „Комсомолскаја правда“.

„Настаните во Франција зборуваат дека за Путин не постојат граници. Авионот што падна на Синај е само откуп за идни терористички напади во Европа. Нешто слично на „и ние страдавме“. Заедно со бегалците Путин ја пушти „Исламската држава“ да продре во Европа. И терористи влегоа во високоразвиените земји. Мислам дека Франција е само почеток. Тоа е одмазда спрема Оланд за санкциите, за непризнавањето на Крим, за „Мистралите“, пишува познатата во Украина Лиза Богуцкаја, а на сличните небулози се надоврзуваат огромен број коментари: „Браво, Лиза“, „Ми ги прочитавте мислите“.

Продолжува пратеникот во Врховната рада Андреј Тетерук: „Мислам дека зад овие терористички напади се крие ладнокрвна пресметка на подлите суштества од Кремљ кои ѝ се одмаздуваат на Франција за „Мистралите“, и тоа токму на петок 13, симболичен ден за Американците“.

Советникот на министерот за внатрешни работи на Украина Антон Герашченко пишува дека од доверливи извори дознал дека претседателот на РФ Владимир Путин е лично одговорен за миграциската криза во Европа, а на француските тајни служби им советува слободно да бараат руска трага во организацијата на терористичките напади во Париз. „Сherchez la femme (има една жена) во трагедијата во Париз, и нејзиното име е Русија“; пишува тој.

И тие луѓе не се некои луѓе од панаѓур, не се експерти од некоја клупичка во паркот кои имаат одговор на секое прашање од вселената до Бољшој театар. Тоа се политичари кои раководат со земја. Што мислите, дали некогаш ќе оздрават, се прашува новинарот на „Комсомолскаја правда“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.