Путин и Обама разговараа во Анталија

Претседателите на Русија и САД Владимир Путин и Барак Обама разговараа на маргините на самитот на Г-20 во Анталија.

Претседателот на САД Барак Обама на средбата со претседателот на Русија Владимир Путин ја потенцираше важноста на мерките кои Русија ги презема во борбата со „Исламската држава“ во Сирија, изјави претставник на Белата куќа.

„Претседателот Обама ги поздрави напорите на сите земји во спротивставувањето на терористичката група ИД и ја истакна важноста на воените напори на Русија во Сирија насочени против оваа група“, изјави претставник на Белата куќа.   

Претседателите исто така ја истакнаа неопходноста од политичка трансформација во Сирија која треба да ја спроведуваат самите Сиријци, пренесува РИА „Новости“.

„Лидерите го истакнаа дипломатскиот прогрес постигнат во Виена последниве недели, вклучително и во сферата на заемниот договор што беше истакнат во изјавата на Групата за поддршка на Сирија на 14 ноември. Претседателот Обама и претседателот Путин се согласија дека е неопходна политичка трансформација која ќе ја спроведуваат и контролираат самите Сиријци и која ќе им претходи на преговорите со посредништво на ООН меѓу сириската опозиција и режимот, како и на прекин на огнот“, изјави претставникот.  

Исто така, „претседателот Обама изрази длабоко сочувство во врска со загинувањето на Русите како последица на катастрофата на „Метроџет“ (Когалимавиа) минатиот месец“, изјави претставникот на Белата куќа.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.