Националниот антитерористички комитет на Русија (НАК) по терористичките напади во Париз апелира до Русите да покажат поголема одговорност и будност пред терористичката закана, соопшти прес-службата на комитетот, пренесува РИА „Новости“.
„Националниот антитерористички комитет ги повикува граѓаните на Руската Федерација да покажат поголема одговорност и будност пред лицето на новите предизвици и закани од страна на меѓународните терористички организации“, се вели во соопштението на комитетот.
НАК соопшти и дека е зголемена готовноста на сите системи за осигурување на безбедноста и потенцира дека за постигнување успех во борбата со тероризмот е потребно обединување на напорите на државата и општеството.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче