Путин: „Турски тек“ не ја губи динамиката

Претседателот на РФ Владимир Путин истакна дека во проектот „Турски тек“ има „премногу законски, техничко-економски, технолошки и организациски прашања.

„Турски тек“ не ја губи динамиката, проектот одговара на интересите на РФ и Турција, но бара детално проучување, изјави претседателот на РФ Владимир Путин во интервју за информативните агенции „Интерфакс“ и „Анадолу“, пренесува ТАСС.

„Не можам да се согласам дека „Турски тек“ ја губи динамиката. Проект од толку големи размери не може да се проучи и усогласи за еден час“, изјави претседателот. Тој истакна дека во проектот има „премногу правни, техничко-економски, технолошки и организациски прашања, вклучувајќи го бројот на краци на гасоводот, имајќи ги предвид реалните потреби за обемот на закупувањето и пренос на гасот на кои им претстои решавање со нашите турски колеги“.

„Колку поквалитетно ги одработиме, толку побрзо, со помали ризици и потрошувачка на ресурси ќе го реализираме замисленото, ќе обезбедиме непрекината испорака на рускиот гас директно до турските потрошувачи. Најважно е што наведениот проект во полна мера одговара на интересите на Русија и Турција. Во тоа сме единствени со мојот турски колега Реџеп Таип Ердоган“, додаде Путин.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.