Земјите кои учествуваат во преговорите за Сирија во Виена имаат почувствувано слична болка, тага и шок последниве неколку недели, изјави шефицата на дипломатијата на ЕУ, пренесува „Интерфакс“.
„Повторно Париз вчера. Либан пред еден ден, Русија и Египет пред две недели, повторно Турција пред неколку недели. Сѐ јасно ни кажува дека тоа се однесува на сите нас. Европејците, Арапите, Истокот и Западот, целата меѓународна заедница настрада од тероризмот и од оние кои успеваат да нѐ разделат и да посеат паника“, се вели во изјавата на Могерини што ја објави Европската надворешнополитичка служба.
Според нејзиното мислење, најдобар одговор на тоа е обединување, надминување на разногласијата и обидот заеднички да се дојде до мир во Сирија. „Тоа е она што се обидуваме да го направиме овде денеска“, истакна Високиот комесар на ЕУ за надворешни работи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.