Русија е подготвена за тесна соработка со либанските власти во борбата со тероризмот, особено со терористичката група „Исламска држава“, соопшти прес-службата на Кремљ, пренесува РИА „Новости“.
Претседателот на Русија Владимир Путин упати телеграма со сочувство до претседателот на Пратеничкиот дом Набих Бери во врска со терористичкиот чин во предградието на Бејрут.
„Путин изрази надеж дека извршителите и нарачателите на ова злосторство ќе ја добијат заслужената казна, потенцирајќи дека Русија е подготвена за најблиска соработка со либанските власти во борбата со тероризмот, особено со екстремистичката група ИДИЛ“, се вели во соопштението на прес-службата.
Двајца терористи во интервал од седум минути се разнесоа на улица преполна со луѓе во реонот на Бурџ ал Бараџ во јужните предградија на Бејрут. Втората експлозија се случила во моментот кога граѓаните почнале да им помагаат на настраданите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче