Путин: Русија нема право да прашува за заминување на Асад од власт

Според зборовите на рускиот претседател, само оние „кои имаат претстава за својата исклучителност“ можат да им ја наметнуваат на други земји својата волја.

Претседателот на Русија Владимир Путин во интервју за руската агенција „Интерфакс“ и турската „Анадолу“ изјави дека Москва нема право да го поставува прашањето за заминување на Башар Асад од функцијата претседател на Сирија, пренесува „Газета.ру“.                         

„Ајде да размислиме дали нашето однесување би било правилно и морално, ако би повикале во Москва претседател на пријателска земја и притоа би му поставиме прашање за заминување од власт? Сирија е суверена земја, а Башар Асад е претседател избран од народот. Значи, дали имаме право со него да разговараме за такви прашања? Се разбира дека немаме“, изјави Путин.

Според зборовите на рускиот претседател, само оние „кои имаат претстава за својата исклучителност“ можат да им ја наметнуваат на други земји својата волја.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.