Медиум: Имало темпирана бомба во А321

Истрагата што се занимава со падот на рускиот А321 во Египет утврдила дека во авионот имало темпирана бомба, пренесува американската телевизија „Фокс Њуз“.

Истрагата што се занимава со падот на рускиот А321 во Египет утврдила дека во авионот имало темпирана бомба, пренесува американската телевизија „Фокс Њуз“, повикувајќи се на извор кој е во текот со истрагата. Уредот, според информациите на телевизијата, „бил наместен на два часа“, пренесува РИА „Новости“.

Се наведува дека засега нема информации за тоа на кој начин е дојдено до овие сознанија – дали од пресретната комуникација на терористите или во текот на проучувањето на деловите на авионот.

Друг извор соопшти дека според едната работна верзија бомбата била поставена во резервоарот или до него, или на местото каде што тој се поврзува со моторот. Оваа теорија, смета изворот, го објаснува отсуството на видливи докази.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.