Захарова: Изјавите на Картер се далеку од реални

Изјавите дека Русија наводно „ја поткопува светската стабилност“ се далеку од реални, изјави портпаролот на МНР РФ Марија Захарова.

Изјавите на министерот за одбрана на САД Ештон Картер дека Русија наводно „ја поткопува светската стабилност“ се далеку од реални, изјави портпаролот на МНР РФ Марија Захарова, пренесува ТАСС.

„Ако треба дипломатски да ги коментираме тие изјави, тогаш може да се каже дека се далеку од реални. Категорички ги отфрламе сите обвинувања на наша адреса. Она што РФ го презема во сферата на зајакнување на одбраната, во многу нешта е условено од активностите на САД, вклучувајќи го подобрувањето на американскиот нуклеарен потенцијал, распоредувањето на глобален систем за ПРО со цел да се урне стратешкиот паритет и приближувањето на инфраструктурата на НАТО до руските граници“, рече Захарова.

„Ние не можеме да останеме настрана во тоа или да ги игнорираме обидите за ослабување на нашата безбедност“, истакна Захарова.

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња