Русија потврдува дека е заинтересирана за поврзување на енергетските системи со Иран и Азербејџан, соопшти министерот за енергетика на Русија Александар Новак на 12 заседание на постојаната руско-иранска комисија за трговско-економска соработка.
„Ја потврдуваме заинтересираноста за поврзување на енергетските системи на Русија, Иран и Азербејџан и сметаме дека би требало да се обноват трилатералните средби“, изјави Новак, пренесува ТАСС.
Министерот за телекомуникации и информатички технологии на Иран Махмуд Ваези изјави дека Русија и Иран денес немаат проблеми во билатералните односи и дека треба максимално да се искористат сегашните услови за развој на трговско-економската соработка.
„Мило ни е што во иранско-руските односи имам најдобри односи и немаме никакви проблеми. Тоа се однесува на политичката, културната, економската, безбедносната, регионалната и меѓународната сфера”, изјав Ваези.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче