Под „Црниот квадрат“ на Малевич откриени уште две слики

Соработниците на Третјаковската галерија изјавуваат дека успеале да го дешифрираат и натписот на „Црниот квадрат“.

Под сликата „Црн квадрат“ на Казимир Малевич е откриена уште една слика во боја, соопшти каналот „Култура повикувајќи се на резултатите од научната експертиза што ја спровела Третјаковската галерија.

Како што соопшти научниот соработник на одделот за научна експертиза на Третјаковската галерија Екатерина Воронина, на научниците им било познато дека под „Црниот квадрат“ се крие уште една слика. Во текот на истражувањето се покажало дека такви слики има не една, туку две, пренесува РИА „Новости“.

„Беше познато дека под сликата „Црн квадрат“ се наоѓа некоја друга слика. Утврдивме дека се работи за две слики. И докажавме дека првобитната слика била кубистичко-футуристичка композиција, додека другата, чии бои се гледаат низ микропукнатините на „Црниот квадрат“ е протосупрематска композиција”, објаснува Воронина.

Покрај тоа, научниците успеале да го дешифрираат натписот на „Црниот квадрат“ за кој се смета дека е напишан од Малевич. Според мислењето на научниците, делумниот натпис (недостигаат три букви од целиот натпис) може да се протолкува како „Битка на црнци во мрачна пештера“ што, веројатно, се однесува на сликата на Алфонс Але од 1882 година „Битка на црнци во мрачна пештера длабоко во ноќта“.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.