Традиционално на крајот на есента Централниот дом на уметникот во Москва ќе биде домаќин на меѓународниот саем за интелектуална литература. Од 25– 29 ноември публиката ќе може да присуствува околу 400 настани: промоции на книги, средби со популарни автори, тркалезни маси и предавања за најактуелните теми во современата литература и издавачкиот бизнис.
250 издавачки куќи од 24 земји во светот ќе ја претстават својата книжевна продукција на саемот годинава; почесен гостин ќе бидат шпанскиот јазик и шпанскојазичната литература. Гости на non/fiction ќе бидат познати писатели и лингвисти како Хуан Бас и Жорж Нива, Диего Муњос и Франц Холер.
Повеќе години саемот ѝ посветува големо внимание на детската литература. На „територијата на спознавањето“ ќе се одржуваат средби со писатели и книжни илустратори, а исто така ќе има и работилници, квизови, игри и изложби. Меѓу учесниците се најавени познатите илустратори Емил Браво и Тито Алба, како и палеонтологот и популизатор на науката Јорн Хумрум.
Првпат на саемот ќе се појави и одделот „Гастрономија“, каде на посетителите ќе им биде понудено да ја видат врската меѓу карактеристиките на националните кујни на државите и нивните историски и културни традиции. Блогери и готвачи ќе одржат мастер-класови. Популарниот последниве години во Русија француски диетолог Пјер Дикан ќе одржи предавање за тајната на витоста.
Неизбежни сопатници на смотрата се саемот на стари книги и „Винил Клубот’, каде за мали пари можат да се купат најнеочекуваните и најретки грамофонски плочи.
Можете да ја видите деталната програма и да купите електронски билет на сајтот www.moscowbookfair.ru
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче