Според зборовите на Насенков, станува збор за релативно мали кутии кои се ставаат на краевите на крилата на авионот, со што леталата се заштитени од сите современи средства за ПВО и од непријателските ловци, пренесува РИА „Новости“.
Насенков додава дека првата тура од овие уреди ќе пристигне до крајот на ноември.
„Хибини-10Б“ функционира така што, по добиена тревога за ракетен напад, го покрива авионот со заштитна радио-електронска „капа“, а како резултат на тоа ракетите едноставно се „отклонуваат“ и не стигнуваат до целта.
Покрај тоа, Су-34 со вграден „Хибини 10-Б“ ќе овозможи и заштита на сите останати авиони што се наоѓаат во негова непосредна близина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.