Премиерот на Италија: Русија не треба да биде изолирана

Русија сега се наоѓа во конфликт со САД и ЕУ поради ситуацијата во Украина, меѓутоа, истовремено, таа претставува најважен партнер во решавањето на проблемот со тероризмот на Блискиот Исток, изјави премиерот на Италија Матео Ренци

Русија не треба да биде изолирана, затоа што нејзиното учество е неопходно за решавање на многу меѓународни проблеми, изјави премиерот на Италија Матео Ренци во интервјуто за јапонскиот весник „Никеи“ (Nikkei).

„Не смее да се дозволи изолација на Русија. Русија сега се наоѓа во конфликт со САД и земјите од ЕУ поради ситуацијата во Украина, меѓутоа, истовремено, таа претставува најважен партнер во решавањето на проблемот со тероризмот на Блискиот Исток – особено на полето на спротивставување на екстремистичките групи како што е „Исламската држава“, рече италијанскиот премиер. Тој истакна дека „има смисла да се продолжи дијалогот“ со Москва.

Претходно неделава Ренци во текот на својата официјална посета на Јапонија имаше разговори со премиерот Шинзо Абе.  Двете страни ја потенцираа важноста на продолжувањето на контактите со Русија во врска со кризата во Украина. „Многу е важно Русија да биде вклучена во решавањето на проблемите во регионот и да биде присутна на преговарачката маса“, истакна Абе.  Како што истакна од своја страна неговиот италијански колега, „во однос на суверенитетот и независноста на Украина тешко дека е можен компромис, меѓутоа вклучувањето на Русија во решавањето на меѓународните проблеми е многу важно“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња