Лавров: Русија има многу прашања за истрагата за падот на „Боингот“

Русија се надева дека истрагата за падот на „Боингот“ во Донбас ќе се одвива во согласност со резолуцијата на СБ ООН, дека нејзините резултати ќе бидат сеопфатни и ќе овозможат виновниците за таа трагедија да бидат казнети, изјави во средата шефот на МНР РФ Сергеј Лавров.

„Истрагата (за Боингот) треба да биде завршена во целосна согласност со барањата на Резолуцијата бр. 2166 на  СБ ООН 2166“, изјави Лавров пред новинарите во Куала Лумпур.

„Се надевам, тоа ќе ни овозможи да подготвиме извештај кој ќе биде сеопфатен, кој ќе ни овозможи на сите да ја дознаеме вистината и да ги казниме виновниците“, потенцираше министерот.

Според неговите зборови, Русија засега има многу прашања за истрагата што се води.

На пример, тој потсети, Малезија беше вклучена во истрагата дури неколку месеци по катастрофата, а Меѓународната организација за цивилна авијација, која во согласност со одлуката на СБ ООН требаше да биде главна во истрагата, во неа игра само второстепена улога.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња