Анкара објасни зошто се одложува потпишувањето договор за „Турски тек“

Меѓувладината спогодба меѓу Москва и Анкара за изградба на гасоводот „Турски тек“ и договорот за попуст на гасот треба да бидат потпишани истовремено, по формирањето на новата влада на Турција, изјави министерот за енергетика и природни ресурси на Турција Танер Јилдиз.

Меѓувладината спогодба меѓу Москва и Анкара за изградба на гасоводот „Турски тек“ и договорот за попуст на гасот треба да бидат потпишани истовремено, по формирањето на новата влада на Турција, изјави министерот за енергетика и природни ресурси на оваа земја Танер Јилдиз.

„Се договоривме со Русија дека попустот од 10,25% на цената на гасот ќе важи од 1 јануари. Ние така ќе заштедиме околу милијарда долари годишно. Сега тоа треба да се потпише. Но руската страна вети дека својот потпис ќе го стави истовремено со потпишувањето на договорот за „Турски тек“. Иако овие теми се независни, за нас тоа не претставува проблем”, изјави Јилдиз во интервјуто за агенцијата „Анадолу“.

Според неговите зборови, координатите на копнената делница на гасоводот „Турски тек“ Анкара ги добила со задоцнување што, од друга страна, ја одложило дозволата на Турција за изведување технички испитувања за морската делница на гасоводот. Министерот изјави дека страните засега не постигнале договор за сите прашања, пренесува РИА „Новости”.

„Но, ќе се договориме. Меѓувладината спогодба за проектот треба да биде ратификувана во парламентот, но Турција за нејзиното потпишување пред сѐ треба да формира нова влада“; изјави Јилдиз.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.