„Претседателот на 1 август го потпиша указот за именување на Виктор Бондарев за командант на Воздушно-космичките сили. Началник на штабот ќе биде генерал Павел Кураченко”, рече Шојгу, истакнувајќи дека раководството на Военото воздухопловство и ПВО останува непроменето.
„Главното раководство на воздушно-космичката одбрана и понатаму останува на Генералштабот, додека непосредното раководство е во ингеренција на командантот на ВКС“, објасни министерот за одбрана на РФ.
„Формирањето на Воздушно-космичките сили и војската за воздушно-космичка одбрана претставува најдобрата опција за усовршување на системот за воздушно-космичка одбрана. Сега под единствено раководство се обединети авијацијата, единиците за противвоздушна и противракетна одбрана, космичките сили и средствата на Вооружените сили“, истакна Шојгу. .
Според него, тоа ќе овозможи „во исти раце“ да биде одговорноста за воената политика за усовршување на војската која ќе ги решава задачите од воздушно-космичката сфера. Исто така, интеграцијата ќе обезбеди нивна поефикасна примена.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.