Русија во иднина ќе може да ги замени со мотори од домашно производство моторите за новиот авион „Сухој Суперџет 100“, патничкиот авион МС-21, хеликоптерот Ми-26, како и да произведе мотор за проектираниот руско-кинески тежок хеликоптер.
Ова на средбата со претседателот на РФ Владимир Путин го изјави вицепремиерот Дмитриј Рогозин.
На средбата со шефот на државата Рогозин ги објави плановите за замена на увозот во сферата на производство на мотори.
„Тоа значи дека ние ќе можеме во иднина да спроведеме замена на моторите на новиот авион „Сухој Суперџет“, да произведеме мотор за замена на украинскиот мотор за Ми-26, идниот руско-кинески тежок хеликоптер и за поголемата верзија на авионот МС-21 за 210 патници“, изјави вицепремиерот на руската влада.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче