Порошенко: Финска и балтичките земји се можни цели на напад на Русија

Претседателот на Украина Петро Порошенко во интервју за западни медиуми изјави дека Русија може да ги нападне Финска и Прибалтикот.

Претседателот на Украина Петро Порошенко во интервју за западни медиуми изјави дека Русија може да ги нападне Финска и Прибалтикот.  

Затоа, според неговите зборови, Киев во Донбас војува меѓу другото и „за демократијата, слободата и безбедноста на Европа“, соопштува „РТ“ повикувајќи се на австриското издание на „Куриер“ (Kurier).

Претходно претседателот на Русија Владимир Путин, коментирајќи ја загриженоста која наводно ја чувствуваат балтичките земји, изјави дека Русија ги дислоцирала своите бази во различни региони ширум светот, за разлика, на пример, од САД.

„Ние никаде не одиме – инфраструктурата на НАТО е движи кон нашите граници, вклучително воена инфраструктура. И тоа е покажување на нашата агресивност?“, праша претседателот на РФ. Според неговите зборови, само нездрав човек може да си замисли дека Русија ќе го нападне НАТО. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.