Песков: Плановите на САД за Сирија можат да доведат до зајакнување на „Исламската држава“

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Кремљ „многупати има потенцирано дека помагањето, уште повеќе помагањето со финансиски или технички средства на опозицијата во Сирија, доведува до понатамошна дестабилизација на ситуацијата во земјата“.

Кремљ е убеден дека плановите на САД за нанесување удари врз позициите на вооружените сили на Сирија ќе доведат до понатамошна дестабилизација во земјата.

„Ова се мошне фундаментални разногласија кои постојат меѓу Москва и Вашингтон и тоа апсолутно не е тајна, овие разногласија никогаш не се криеја, тие се очигледни“, изјави Песков одговарајќи на прашањето на ТАСС за реакцијата на Москва на плановите на Вашингтон.

Според неговите зборови, Кремљ „многупати има потенцирано дека помагањето, уште повеќе помагањето со финансиски или технички средства на опозицијата во Сирија, доведува до понатамошна дестабилизација на ситуацијата во земјата“.

Песков додаде дека „тоа доведува до тоа што во суштина во земјата се создава ситуација која може да ја искористат терористите на забранетата во РФ терористичка група „Исламска држава“. „Затоа што ослабеното раководство на тој начин го губи својот потенцијал за спротивставување на понатамошното ширење на „Исламската држава“, објасни претставникот на Кремљ.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.