„Њузвик“: Западот треба да воведе нафтено ембарго против Русија

Западот против Русија би требало да воведе нафтено ембарго, затоа што тоа би било поефикасно од постојните санкции, смета Андреас Умланд, германски политиколог.

Западот против Русија би требало да воведе нафтено ембарго, затоа што тоа би било поефикасно од постојните санкции, смета Андреас Умланд, германски политиколог и историчар, постар научен соработник на Институтот за евроатлантска соработка во Киев и главен уредник на серијата книги „Советската и постсоветската политика и општество“. Тоа исто така би ја спречило понатамошната офанзива на Русија во Украина, која би можела сериозно да ја загрози безбедноста на Европа, смета Умланд.

„Многумина понекогаш забораваат дека Западот и понатаму е најголемиот трговски и инвестициски партнер на Русија. Сегашните санкции забрануваат извоз во Русија на ограничен број услуги и технологии, но притоа не зафаќаат поголем дел од руската трговија со Западот. Помеѓу другото, санкциите на ниеден начин не го ограничуваат извозот на руските енергетски ресурси во Европската унија“, пишува Умланд во магазинот „Њузвик“.   

Тој објаснува дека главниот артикл во рускиот извоз на енергенси и понатаму е суровата нафта, а не природниот гас и дека околу 40%  од државниот буџет на Русија го сочинуваат приходите од извозот на сурова нафта, додека од природниот гас приходите се помалку од 10%. Умланд тврди дека забраната за увоз на руска нафта во Европа сериозно би влијаела на Русија, која од тоа не би успеала толку лесно да заздрави.

„Западот треба да смисли адекватен одговор на потезите на Русија. Привремено ембарго на увоз на руска нафта и укинување на забраната за извоз на американска нафта би можело да бидат ефикасен одговор кој може да го скроти авантуризмот на Кремљ“, заклучува Умланд. 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.