Мнозинството Руси немаат ништо против исклучување на интернетот

Мнозинството Руси не е подготвено да ја брани слободата на говорот на интернет: 58% од нив не би имале ништо против дури и кога интернетот би бил целосно исклучен.

Мнозинството Руси не е подготвено да ја брани слободата на говорот на интернет: 58% од нив не би имале ништо против дури и кога интернетот би бил целосно исклучен. Овие податоци се добиени во текот на истражувањето спроведено од американски научници во соработка со Серускиот центар за истражување на јавното мислење (ВЦИОМ), пишува „Комерсант”.

Меѓу испитаниците од РФ 42% веруваат дека странски држави го користат интернетот на штета на Русија, а 49% смета дека информациите треба да бидат цензурирани. Вкупно 81% Руси имаат негативен став спрема повиците за протест против раководството на државата.  

Истражувањето „Што сака општеството: тежнеењето на Русите кон контрола на интернетот“ го спроведе Опсерваторијата на интернет политиката на Центарот за проучување на глобалните комуникации при Универзитетот „Пенсилванија“ врз основа на податоците на ВЦИОМ.

Според анкетата, 10% испитаници сметаат дека главен извор на информации се сајтовите со вести, додека 6% смета дека тоа се социјалните мрежи. Телевизијата е на прво место за 60% Руси, додека 63% испитаници го користат интернетот заради добивање „информации за сопствени потреби“, а 62% го користат интернетот поради социјалните мрежи. Притоа, граѓаните на РФ не гледаат голема закана oд интернетот.  

Меѓутоа, според зборовите на директорката за меѓународни истражувања на ВЦИОМ Олга Каменчук, „луѓето на интернет се сретнуваат со многу шокантна содржина“, помеѓу другото, со насилство кое предизвикува негативен став кај различни групи од населението. Дури и меѓу постојаните корисници на мрежата, 43% од нив ја подржува цензурата. Граѓаните на Русија во некои случаи се подготвени и на радикални мерки, на „привремено или потполно укинување на интернетот од страна на владата“. Во истражувањето се наведува дека 58% корисници би ја поддржало оваа мерка, а како главен аргумент се наведува зачувувањето на националната безбедност.  

Сепак, како што наведува изданието, во одбрана на слободата на говорот на мрежата многумина не се подготвени да бидат „исклучени“. Од 9% корисници кои го одобруваат овој чекор, 40% сметаат дека поводот би можел да биде само потполна забрана за користење на интернетот.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.