Медиуми: За откажувањето на испораката на „Мистралите“ на Русија ќе мораат да ѝ платат француските даночни обврзници

Откажувањето на Париз да ѝ ги испорача на Русија носачите на хеликоптери од класата „Мистрал” ќе го платат француските даночни обврзници, пишуваат француските медиуми.

„Франција ѝ предложи на Русија да ѝ ги врати вложените пари во висина од 785 милиони евра. Меѓутоа, освен износот на надоместокот многу е важно и прашањето за иднината на бродовите“, наведува изданието „Ехос“.

Како што пишува весникот, „француската воена морнарица веќе има три брода од оваа класа и нови не ѝ се потребни, особено што не може да си дозволи таква набавка“. „Единствено можно решение во ваквата ситуација е носачите на хеликоптери да бидат продадени што е можно побрзо, дури и по пониска цена“, се наведува во статијата. Авторите пишуваат дека одржувањето на техниката месечно ја чини корпорацијата за изградба на бродови „ДЦНС“ меѓу 1-2 милиони евра. Компанијата, според изданието, е свесна дека Франција нема да ѝ ги компензира сите трошоци.

Одржувањето бара значителни средства, а „потенцијалните купувачи знаат дека на Париз му се брза да се ослободи од бродовите“. „Како резултат на тоа токму француските даночни обврзници ќе бидат принудени да го „одврзат ќесето“ за да биде надоместен дел од трошоците“, пишува весникот.

Претходно од руска страна беше објавено дека преговорите за „Мистралите“ меѓу Русија и Франција се завршени и дека договорот ќе биде раскинат, а претседателот на Франција Франсоа Оланд го негираше тоа.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња