Воен хеликоптер Ми-28Н „Ноќен ловец” се сруши во текот на показен лет на аеро-митингот „Авиамикс” во Рјазањската област. Во несреќата еден пилот го загуби животот. Како што соопшти командантот на Военото воздухопловство на Русија Виктор Бондарев, на леталото дошло до дефект на системот за хидраулика и системот за управување.
Во текот на изведувањето на акробатската точка, хеликоптерот што ѝ припаѓаше на летачката акробатска група „Беркути“ одеднаш се наведна настрана и почна да ја губи висината. Леталото падна во шумата недалеку од аеродромот и по ударот во земја се запали. Пожарникарите брзо стигнаа на местото на несреќата и го изгаснаа пожарот. Еден пилот загина, додека другиот го преживеа падот.
Руското министерство за одбрана соопшти дека сите показни летови се изведени во строго соодветство со безбедносните правила. Акробатските точки се одвиваа на безбедно растојание од трибините, поради што немаше опасност за публиката.
По настанот, сите хеликоптери од типот Ми-28Н „Ноќен ловец” се приземјени.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче