Премиерот на Молдавија Валериј Стрелец ја поддржа обновата на соработката и развојот на односите со Русија во текот на својот настап на телевизијата „Публика“.
Според него, Русија претставува важен партнер за Молдавија, меѓутоа во односите меѓу двете земји нема доволно меѓусебно разбирање.
„Потребно е да го обновиме дијалогот, да ги објасниме националните интереси. Од гледна точка на меѓународното право ние сме еднакви на преговарачката маса, дури и ако се разликуваме во економската и воената сфера“, истакна Стрелец.
Во јули 2014 година Русија го прогласи за неважечки режимот на слободна трговија со Молдавија поради потпишувањето од страна на Кишинев на договорот за создавање зона за слободна трговија со Европската унија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче