Медиуми: Украинските националисти повикуваат на „крстоносна војна“ против Москва

Украинските националисти користат сѐ поагресивна реторика, како спрема Русија, така и спрема киевските власти, пишува „Дојче Виртшафтс Нахрихтен“ (Deutsche Wirtschafts Nachrichten).

Украинските националисти користат сѐ поагресивна реторика, како спрема Русија, така и спрема киевските власти, пишува „Дојче Виртшафтс Нахрихтен“.

Како што пишува германското издание, еден од лидерите на украинските десничарски екстремисти Дмитриј Корчински повикува на „крстоносна војна” против Русија. „Москва треба да гори”, рече Корчински.

Во исто време, националистите претставуваат директна закана и за властите на Украина. Државното обвинителство ги обвинува за кражби, формирање нелегални формации и други кривични дела. „Не толку одамна бевме сведоци на отворени судири меѓу украинската полиција и доброволците. Пример за тоа е размената на оган меѓу припадниците на „Десен сектор“ и украинската полиција во Мукачево“, пишува весникот.

Изданието потсетува дека екстремистите бараа оставка од претседателот Петро Порошенко. До сегашниот претседател беа упатувани остри критики од страна на националистите поради одобрувањето на законот за децентрализација на Украина.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња