Германија е за обнова на Советот Русија-НАТО

Германија е за обнова на дијалогот, но со неа не се согласуваат сите партнери од Алијансата, соопшти германската агенција „ДПА“ повикувајќи се на изјава на германскиот амбасадор во НАТО Мартин Ердман.

„Во моментов немаме консензус за ова прашање, но ситуацијата се развива“, рече Ердман.

Советот Русија-НАТО е основан 2002 година, а последниот состанок на дипломатско ниво беше одржан во јуни 2014 година.

Оттогаш, дијалогот меѓу Русија и НАТО е замрзнат поради конфликтот во Украина. Според зборовите на Ердман, многу членки на НАТО жалат поради недостиг од дијалог со Русија.

Иако списокот со земји кои се противат на продолжувањето на работата на Советот Русија-НАТО не се открива, агенцијата наведува дека станува збор за повеќето источноевропски земји.  

Советот Русија-НАТО може да биде повторно свикан откако сите членки на Алијансата ќе ја дадат својата согласност. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња