Француски амбасадор во РФ: Ниту една француска компанија не го напушти рускиот пазар

Според зборовите на амбасадорот на Франција во РФ Жан-Морис Рипер, француските компании се обидуваат да се прилагодат на ситуацијата со замена на увозот во Русија

Францускиот бизнис продолжува да работи со Русија и, без оглед на сложената ситуација во врска со санкциите и контрасанкциите, ниту една француска компанија не си замина од рускиот пазар, изјави амбасадорот на Франција во РФ Жан-Морис Рипер.

„Според моите податоци, ниту една француска компанија не го напушти рускиот пазар од почетокот на кризата во Украина или економската рецесија. Француските претпријатија  се обидуваат да се приспособат на ситуацијата со замената на увозот“, истакна амбасадорот.

Истовремено Жан-Морис Рипер потенцираше дека низа инвестициски проекти сепак морале да бидат запрен. Трговската размена меѓу Русија и Франција на крајот на 2014 година била намалена за 7%.  

„Особено на овој показател влијаеше падот на курсот на рубљата во декември 2014 година, што доведе до намалување на увозот во Русија на производи кои станаа многу поскапи во евра во некои сфери, како што е прехранбената“, истакна амбасадорот. „Увозот на луксузни марки, модна облека, алкохол, суштински настрада  поради тоа“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.