Рускиот поет Пушкин прогласен дека заземал „антиукраинска позиција”

Градските советници на украинскиот град Ивано-Франковск го сменија називот на улицата „Александар Пушкин“, затоа што сметаат дека големиот руски поет, кој живеел и творел во 19 век, „заземал антиукраинска позиција“.

„Градските советници одлучија „Северниот булевар „Александар Пушкин“ да го смени името во „Северен булевар“. На седницата е донесена одлука дека тој „заземал антукраинска позиција“, пренесува локалниот портал „Остров Галиција”.

Иако градоначалникот Виктор Анушкевичус изјавил дека „личноста на Пушкин треба да се гледа во глобален план, а не во контекст на поединечни негови грешки“, советниците сепак решиле дека „личноста на Пушкин во украинската историја нема еднозначна смисла“, соопшти прес-службата на градскиот совет, а пренесува ТАСС.

Во четвртокот, 30 јули, градоначалникот на украинскиот град Новоград-Волински упати до претседателот на Украина Петро Порошенко писмо со предлог називот на Украина да се смени во „Украина-Рус“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.