Авионите-ловци МиГ-31БМ првпат прелетаа 4000 км со дополнување гориво во воздух, изјави претставникот на Централниот воен округ полковник Јарослав Рошчупкин.
„Шестчасовен лет на растојание над 4000 км со три ноќни дополнувања на гориво во воздух по маршрутата аеродром „Домна“ (Забајкалски крај) - аеродром „Сокол“ (Пермски крај) беше првпат реализиран во практиката на експлоатација на борбени авиони од наведениот тип“, изјави офицерот.
Рошчупкин истакна дека екипажите кои успешно ја извршија задачата ќе бидат предложени за државни награди.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче