Медиуми: Се предлага здружување на Америка и Русија против Кина

Влијателниот Совет за меѓународни односи предлага формирање на Г-2 против Кина.

Лесли Гелб, почесниот претседател на американскиот Совет за меѓународни односи (CFR), кој негува блиски односи со политичкиот врв на САД, изнесе смела иницијатива за создавање големо дуо САД и Русија, кое тој во статијата за магазинот „Национален интерес“ го нарече „детант плус“.  

„Овој предлог звучи многу привлечно за Европа: не споменувајќи го глобалното непријателство спрема Кина, тој придонесува за попуштање на затегнатоста меѓу двете големи нуклеарни“, смета мексиканскиот новинар Алфредо Халифе-Раме.  

Гелб ги наведува изјавите на тројца американски амбасадори во Москва кои укажуваат на тоа дека самите по себе одбранбени и санкциски мерки нема да го извршат врз Русија посакуваното влијание. „Така што нема смисла да се очекува дека Западот од Русија ќе добие воздржаност и соработка, ако не ја прифати како голема држава која има свои легитимни итнереси, особено во близина на своите граници“, пишува мексиканскиот весник „Ла Хорнада“.

Детант плус” признава широк спектар заеднички и сродни интереси кои би можеле да помогнат во решавање на проблемите меѓу Русија и САД.

„Лесли Глеб не зборува за тоа отворено, но две негови фрази се повеќезначни и можат да се гледаат како алузија на големото дуо САД-Русија кое би можело да го подели европскиот простор што пропаѓа и да стане контратежа на Кина која сѐ повеќе јакне. Ако воопшто постои потег кој би може да ја спречи светската криза која е сѐ поблиску, тогаш тоа е обединувањето на силите на Вашингтон и Москва”, пишува мексиканскиот новинар.

Новинарот смета дека во догледна иднина интересите на Русија и САД ќе се поклопуваат во поголема мера отколку интересите на која било од овие земји и Кина.

Америка се изолираше себеси кога ја фрли Русија во прегратките на Кина, а сега се обидува да ја поправи таа грешка така што сака да ги ослаби евроазиските врски меѓу Русија и Кина.

„Обама се обидува да ја обнови изгубената Г-2, или со Русија против Кина, или со Кина против Русија. Кој попрво – Русија или Кина – ќе биде фатен во оваа предавничка замка?“, се прашува мексиканскиот новинар.  

Тој сепак сета дека во современата фаза на развој на светот човештвото повеќе тежнее кон воспоставување голема тројка. Во таа нова конфигурација САД, Русија и Кина ќе мораат да бараат пат на зближување на своите ставови на преговарачката маса, почитувајќи ги притоа меѓусебните сфери на влијание. Алтернатива би била термонуклеарна војна, која ниту една од трите сили не може да ја добие.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.