Претседателот на комитетот на Советот на Федерацијата за меѓународни работи Константин Косачов смета дека Русија треба порешително да се бори за почитување на Повелбата на ООН за зачувување на авторитетот и улогата на оваа организација во светот.
„Но, да се бориме за почитување на Повелбата на ООН задолжително треба, и значително порешително. Пасивно, кога мора да се примени вето, и активно, покренувајќи сопствени иницијативи кои засега и ги нема толку многу“, напиша пратеникот на својата Фејсбук-страница.
„Заради зачувување на авторитетот и улогата на ООН во светот, за кој ООН и колективната одговорност за неговата судбина се многу поважни отколку правото на Американците на своеволие, неказнивост и имунитет“, прецизираше тој.
Косачов ги обвини САД за обид за создавање систем во кој тие и нивните лојални сојузници во принцип ќе бидат изземени од судски прогон. На пример, според неговото мислење, инсистирањето да се протне трибуналот за малезискиот „Боинг“ „не можеш да го наречеш поинаку освен „радување на туѓа мака“.
Пратеникот смета дека „ако веќе се применува 7 глава од Повелбата на ООН за формирање меѓународни трибунали, тогаш први случаи во нив требаше да бидат бомбардирањата на НАТО на Белград во 1999 година со заобиколување на ООН, операцијата на САД и нивните сојузници против Ирак во 2003 година повторно со заобиколување на ООН и непочитувањето од нивна страна ни на духот, ни на буква од одлуките на ООН за Либија во 2011 година“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче