Европските фармери со загуба од 5,5 милијарди евра поради руското ембарго

Синдикатот на европските фармери и работници во земјоделските кооперации Копа-Когека ги пресмета загубите од руското ембарго на прехранбени производи.

Земјоделските производители во ЕУ изгубија 5,5 милијарди евра како резултат на ембаргото од Русија на прехранбени производи, соопшти Албер Јан Маат, претседател на синдикатот со седиште во Брисел на европски фармери и работници во земјоделските кооперации - Копа-Когека (Copa-Cogeca).

„Трговското ембарго на Русија, од кое страдаат земјоделците и кооперациите, го намали речиси за половина – 5,5 милијарди евра – нашиот извоз на земјоделски производи“, ги цитира зборовите на Маат прес-службата на синдикатот кој ги застапува интересите на 28 милиони европски фармери.

Маат ја поздрави одлуката на Европската комисија да ги продолжи мерките за поддршка на земјоделскиот сектор, но ги нарече недоволни за „компензација на тешките (финансиски) загуби што ги претрпеа производителите“ на свинско месо, овошје, зеленчук и млечни производи.  

Во врска со тоа првиот човек на Копа-Когека апелираше ЕУ да развие прецизни мерки за поддршка на производителите во регионите кои најмногу настрадаа од ембаргото и „да се активизираат преговорите со Русија за укинување на санитарните и фитосанитарните ограничувања за свинско месо наметнати на почетокот на 2014 година“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.