Чуркин: Повторно гласање за трибуналот за „Боингот“ е бесмислено

Идејата во Советот за безбедност да се гласа повторно за предлогот за основање трибунал за истрагата за падот на малезискиот „Боинг“ е осудена на неуспех, затоа што Русија нема да го смени својот став по ова прашање, изјави постојаниот пратеник на РФ во ООН Виталиј Чуркин.

Идејата во Советот за безбедност да се гласа повторно за предлогот за основање трибунал за истрагата за падот на малезискиот „Боинг“ е осудена на неуспех, затоа што Русија нема да го смени својот став по ова прашање, изјави постојаниот пратеник на РФ во ООН Виталиј Чуркин.

„Медиумите ја пренесоа изјавата на министерот за надворешни работи на Украина дека тие, наводно, за неколку месеци повторно ќе излезат со истиот предлог. Но тоа, се чини, би бил сосема несериозен пристап, затоа што исходот би бил потполно ист“, изјави Чуркин.

Виталиј Чуркин не ја исклучи можноста петте земји-иницијатори на резолуцијата да се обидат да поминат со сличен документ на Генералното собрание на ООН, во кое не постои право на вето.

„Тоа е можен развој на настаните. Притоа, како што ми се чини, тие имаат пред себе избор: можат да тргнат по вообичаениот пат, кој е прифатен во Генералното собрание т.е. да одржат нормални консултации  за резолуцијата во собранието, така што и ние ќе можеме да учествуваме во тие консултации. Во тој случај можеби би можеле да формираме некој судски орган кој би се потпирал на Генералното собрание, кој би можел да спроведе квалитетна судска истрага“, смета рускиот дипломат.  

„Но постои и друга варијанта што тие веќе ја искористија кога ја формулираа резолуцијата што ние ја блокиравме, т.е. да си играат во темнина: меѓу себе да подготват некаков предлог и да го стават на гласање во Генералното собрани“, објасни Чуркин. „Тој би морал да добие и две третини од гласовите кои се неопходни за усвојување, или половина од гласовите во зависност од тоа како во поглед на процедурата ќе се разгледува овој предлог. Но, во тој случај, ми се чини, голема е веројатноста органот што ќе биде основа да не биде орган на вистинска соработка, која е неопходна за да се открие во оваа тешка ситуација вистината. Ќе видиме. Сѐ уште не е потврдено дека тие ќе постапат така“, истакна дипломатот.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.