Новак ги негираше информациите за прекин на преговорите за „Турски тек“

Руската страна нема официјална информација за прекин на преговорите за „Турски тек“, изјави за новинарите министерот за енергетика на РФ Александар Новак.

Руската страна нема официјално соопштение за прекин на преговорите за „Турски тек“, изјави за новинарите министерот за енергетика на РФ  Александар Новак.

„Ние немаме никакви официјални соопштенија во врска со тоа. Продолжуваме да работиме. И, колку што знам, турската страна исто така го разгледува тој проект“, рече рускиот министер.

Претходно во медиумите се појавија вести дека Москва и Анкара ги запреле преговорите за „Турски тек“.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков претходно во петокот изјави дека Москва чека кога во Турција ќе заврши формирањето на владата, без која е невозможно да се започне со реализација на проектот. „Несомнено, за да се реализираат такви проекти, во Турција треба да биде завршен процесот на формирање влада. Ние мошне трпеливо чекаме, а тука засега некакви нови елементи нема“, изјави Песков. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.