Министерството за одбрана на РФ го повика Западот да не се гледаат преку „нишаните на тенковските топови“

Заменик-министерот за одбрана на РФ Анатолиј Антонов им предложи на колегите од САД и Европа да организираат војнички натпреварувања.

Министерството за одбрана на РФ ги повикува западните колеги да престанат да се гледаат едни со други преку нишан и да работат заедно, изјави на во четвртокот, 30 јули, заменик-министерот за одбрана на Русија Анатолиј Антонов на прес-конференцијата посветена на претстојните Меѓународни армиски игри.

„Можеби, дојде време ние, војниците, да им помогнеме да политичарите да се поместат од „мртва точка“ и да тргнат напред“, изјави тој. „Да престанеме да се гледаме едни со други преку нишаните на тенковските топови“. „Доста се лутевме, треба да дојдете кај нас и да почнеме заедно да работиме“, повика Антонов.

„Верувам дека ќе дојде време кога и колегите од западноевропските земји и САД ќе се решат на отворени натпреварувања. Тоа во определена форма е предизвик за нашите колеги. Ние сме подготвени да одиме и на нивните полигони и да демонстрираме кој е подобар, кој е посилен“, рече Антонов.

Според неговите зборови, учеството во Меѓународните армиски игри на претставници од сите делови на светот сведочи дека Русија не се наоѓа во изолација.  

Меѓународнте армиски игри првпат ќе се одржат во Русија од 1 до 15 август. На 14 етапи ќе учествуваат севкупно 57 тимови од 17 земји. Покрај тоа, Министерството за одбрана на РФ очекува 20 групи набљудувачи од шест земји.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња