Летонија ќе распореди американско тешко вооружување на своја територија

Летонија ќе почне да распоредува на своја територија американско тешко вооружување есента 2015 година, изјави командантот на Националните вооружени сили на републиката Рајмондс Граубе.

Летонија ќе почне да распоредува на своја територија американско тешко вооружување есента 2015 година. Со ваква изјава, како што пишува „ДЕЛФИ“ (DELFI), настапи командантот на Националните вооружени сили на републиката Рајмондс Граубе.

Претставникот на вооружените сили на Летонија изјави дека одлуката била донесена по преговорите во САД. Од Министерството за одбрана на Летонија истакнаа дека борбените возила и опремата ќе пристигнат на воениот полигон Адажи, кој е најголемиот во Прибалтикот.

Во средината на јуни во медиумите се појави информација дека се развиваат планови за распоредување на „источното крило“ на НАТО на депоа со воена техника за реализација на „непрекинати маневри на ротациона основа“.

Покрај балтичката држава, како земји во кои може да биде распоредена американска воена техника се спомнуваат Бугарија, Полска, Романија, Естонија и Унгарија. Вашингтон планира да распореди во овие држави околу 1200 единици оклопна техника, вклучувајќи 250 тенкови, како и борбени пешадиски возила M2 „Бредли“ и артилериски системи.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.