Јапонски новинар живее во меѓународната зона на аеродромот „Шереметјево“

Тетсуja Або одбива да се врати во татковината „поради политички причини“

36-годишниот јапонски државјанин Тетсуja Або живее во меѓународната „стерилна“ зона на московскиот аеродром „Шереметјево“.

Според претставник на „Шереметјево“, аеродромот нема поплаки во врска со Јапонецот. Службеникот на аеродромот исто така додаде дека Або живее на аеродромот од свои средства.  

„Сметаме дека компетентните државни органи ќе го решат прашањето со престојот на наведениот граѓанин“, ги цитира агенцијата зборовите на претставникот на аеродромот. За отстранување на Або од меѓународната зона на аеродромот нема основи.

Од своја страна, самиот Тетсуja Або изјави дека не сака да се врати во својата татковина поради политички причини. Младичот додаде дека работи во Јапонија како новинар и често мора да објавува лажни информации. Тој исто така побара помош за добивање руско државјанство.

Амбасадата на Јапонија во Москва засега не може да ги потврди информациите дека државјанин на земјата веќе неколку месеци живее на аеродромот „Шереметјево“, соопштија од прес-службата на јапонската дипломатска мисија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.