„Гардијан“: Обама, Путин, Рухани, Ѓинпин и Оланд ќе се обратат во ООН во ист ден

Јубилејното 70 заседание на Генералното собрание на ООН закажано за крајот на септември ќе биде вистинска „битка на титаните“ каква што не е видена барем во последните десет години, пишува „Гардијан“, а пренесува РИА „Новости”.

Јубилејното 70 заседание на Генералното собрание на ООН закажано за крајот на септември ќе биде вистинска „битка на титаните“ каква што не е видена барем во последните десет години, пишува „Гардијан“, а пренесува РИА „Новости”.

Списокот на учесници е составен, а во еден ист ден во рок од неколку часа во Генералното собрание ќе зборуваат Барак Обама, Владимир Путин, Хасан Рухани, Си Ѓинпин и Франсоа Оланд. Лидерите на САД, Русија, Иран, Кина и Франција ќе го „изложат своето видување на геополитичкиот пејзаж на почетокот на мошне неизвесната епоха“, пишува весникот, нарекувајќи го настанот можност за  „реторички огномет“.  

Како што се наведува, учеството на Владимир Путин ќе биде првпат по една деценија  рускиот лидер учествува во заседанието на генералното собрание на Обединетите нации. Освен тоа, на годинешното заседание ќе дебитира и Си Ѓинпин, а исто така ќе биде забележано и првото заедничко појавување на Барак Обама и Хасан Рухани по потпишувањето на договорот за иранската нуклеарна програма.  

Според весникот, Владимир Путин ќе се судри со неодобрувањето на многу членки на ООН во врска со припојувањето на Крим кон Русија, како и со случувањата на истокот на Украина. Нема да му биде лесно ни на Барак Обама,  смета експертот на аналитичкиот центар „Европски совет за меѓународни прашања” Ричард Говен.

„Обама ќе се најде во тешка позиција настапувајќи пред своите главни геополитички противници. Доколку тој им оддаде должна почит за соработката околу Иран, американските десничарски критичари ќе тврдат дека „омекнал“ спрема Кина и Русија. Ако се придржува до цврстиот став во врска со Украина, како минатата година, или со Јужното кинеско море, Си Ѓинпин и Владимир Путин можат да се качат на бината и да го обвинат за создавање проблеми“, смета Говен.

Според него, Стејт департментот ќе се обиде да ги координира подготовките за Генералното собрание со Москва и Пекинг, а ЦИА ќе работи мошне напорно за да ги добие нацрт-верзиите на говорите на лидерите на Русија и Кина.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.