Помошникот на претседателот на Русија Владимир Кожин за прашања за воено-техничка соработка изјави дека преговорите со Франција околу „Мистралите“ се завршени. Според неговите зборови, во најскоро време договорот за испорака на два носачи на хеликоптери ќе биде раскинат. Тој исто така истакна дека страните го договориле износот кој Париз ќе ѝ го плати на Москва за раскинување на договорот.
„Преговорите се завршени. Сѐ е веќе дефинирано, и роковите, но и износот. Се надевам дека наскоро ќе потпишеме спогодба за раскин на договорот, а тогаш ќе биде објавен и износот што Франција ќе ни го исплати“, рече Кожин.
Претходно медиумите соопштија дека до 10 јули Русија и Франција ќе одржат консултации во текот на кои ќе ја регулираат сумата за неиспорачување на носачите на хеликоптери од класата „Мистрал“. Сумата на која Франција инсистира беше под една милијарда евра, додека Русија бара 1,2 милијарди евра.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче