Централната банка на РФ ја намали каматната стапка на 11%

Банката на Русија по седницата на советот на директори на 31 јули донесе одлука да ја намали кредитната стапка од 3 август на 11% годишно, се вели во соопштението на регулаторот.

Банката на Русија по седницата на советот на директори на 31 јули донесе одлука да ја намали кредитната стапка од 3 август на 11% годишно, се вели во соопштението на регулаторот.

„Советот на директори на Банката на Русија на 31 јули 2015 года донесе одлука да ја намали кредитната стапка од 11,50% на 11% годишно, сметајќи дека билансот на ризиците сѐ уште е наклонет кон суштинско заладување на економијата, и покрај малото зголемување на инфлациските ризици“, се истакнува во соопштението.

Одлуката се совпадна со прогнозата на аналитичарите, прашани од РИА „Новости“, кои сметаат дека регулаторот ќе го исполни своето ветување и навистина ќе го забави динамичното темпо омекнување на монетарно-кредитната политика. Сите експерти едногласно беа согласни дека ЦБ ќе ја намали стапката на 11%. Аналитичарите истакнуваа дека и покрај тоа што фундаменталните фактори ѝ овозможуваат на Банката на Русија порадикално да ја намали кредитната стапка, сепак рубљата што слабее може да го исплаши регулаторот но, паузата во политиката на пополнување на меѓународните резерви дава простор за маневрирање. Во 2015 година регулаторот веќе четирипати ја снижуваше каматната стапка. Сепак, првиот човек на регулаторот Елвира Набиулина тогаш предупреди дека темпото на снижување на стапката може да биде забавено.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња